06 Декември, 2025
0.0299

Македонските фудбалски репрезентативци со историски најголема награда до сега

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2018 10:17

Добивај вести на Viber

Најдобрите македонски фудбалери ќе поделат историски највисока премија од 500.000 евра за пласманот во  плеј-оф фазата од Лигата на Нациите и обезбедувањето на најблиска можност до пласман на едно Европско првенство.

Наградата ќе ја подели Фудбалската федерација на Македонија за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групата од Лигата на нации, во која беа уште Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски со пет победи и само еден пораз ги завршија настапите во четвртата групата Д-лига од Лига на нации.

УЕФА е најголем донатор на Фудбалската федерација на МАкедонија и поголемиот дел од средствата во нејзиниот буџет доаѓаат од Европската фудбалска централа.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: