Македонските пензионери ќе земаат пензија на секој први во месецот
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019
Стопанска банка информира дека од први февруари на пензионерите кои имаат сметка во нивната банка ќе им исплатува пензија на секој први во месецот без оглед кога ПИОМ ја исплатува пензијата. Таква практика досега имаа и некои други банки.
Со почеток од 1-ви февруари 2019, Стопанска банка АД – Скопје почнува да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје, соопштуваат оттаму.