18 Мај, 2024
0.0299

МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВЕЌЕ СЕ ВО ПОРТО: Премиерот Ковачевски им вети премија од 500.000 евра за настап на Мундијалот, за фановите ќе има чартери од Скопје

Објавено во: Македонија 27 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер – лет замина за Порто, каде во вторник вечер против домаќинот Португалија ќе го одигра финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.  Фудбалерите и стручниот штаб во авионот ги испрати премиерот Димитар Ковачевски, кој им посака успех и им вети премија во износ од 500.000 евра за пласман на Мундијалот. 

-Шампиони, вие за нас секако сте победници и наша гордост. Веруваме во вас и затоа сакам да ви посакам успех на натпреварот со Португалија, а ние како Влада најмалку што можеме да направиме е да ве наградиме со 500.000 евра доколку се пласирате на Светското првенство, изјави Ковачевски. 

Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари.

Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците не селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална поддршка од трибините од 2.500 навивачи.

Продажбата на билетите за дуелот во Порто во вторник од 20:45 часот, ќе се одвива преку „Mk Tickets“ официјалниот партнер на ФФМ, и можат да се купат на линкот. https://mktickets.mk/event/por-mkd/

Домашни туристички агенции најавија и чартер летови за навивачите, кои за влез во Португалија мораат да поседуваат Кови-19 сертификат, не постар од 270 денови, а препорачливо е пред патувањето да направат и брз антигенски тест.


Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада