Добивај вести на Viber
И по 2014 година војниците од македонската Армија остануваат во Авганистан. Според министерот за одбрана Талат Џафери, АРМ по завршувањето на ИСАФ-мисијата на Северно-атлантската алијанса (НАК) би требало да продолжи со мисијата како дел од германскиот контингент.
Делегација од Министерството за одбрана, предводена од денеска во седиштето на НАТО во Брисел присуствуваат на Состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО со не-НАТО земјите кои се дел од ИСАФ. По состанокот, за МИА тој изјави дека е донесен план за идните мисии.
„Во рамки на редовниот состанок на НАК во НАТО, во форматот ИСАФ имавме редовна средба каде имавме можност да го слушнеме извештајот на главниот командант на командата на ИСАФ во однос на подготовките за трансформација на Мисијата во Авганистан, наречена „пост-ИСАФ 2014“ и го усогласивме и донесовме акцискиот план на главната команда за планирање на следната мисија“, вели Џафери.
Во своето обраќање на состанок на земјите кои придонесуваат во Регионалната „Команда Север“ во Авганистан, истакнал дека замјава е подготвена за учествуво во наредната НАТО Мисија во Авганистан.
„Има голем напредок под водство на Германија на тој дел од Мисијата ИСАФ и наредниот ангажман, водени од позитивното искуство од претходно, сакаме да продолжи во соработка со Германија. Припадниците на нашите армии досега имаа одлична соработна и тоа е добра основа за наше понатамошно учество во склоп на „Команда Север“, смета Џафери.
Македонија на е членка на НАТО. Според договорите во Букурешт и подоцна во Чикаго, ппрво требба да со реши спорот со името со Грција која е полноправен член на Алијансата. Во меѓувреме и е дозволено да учествува во сите мисии на НАТО како партнер за поддршка.