„Македонскиве железници како некој факултет за политичари испаднаа“: професорката Најчевска со последниот осврт на идните функционери
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024
Професорката Мирјана Најчевска, утрово со последната „анализа“ на избраниците кои наскоро треба да седнат во министерските столчиња.
Во нејзин стил, како и претходните денови, професорката се осврна на избраниците на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи не што досега тие постигнале.
- И, последната група министри кои ќе го обезбедат развојот на Македонија, ќе воспостават демократска држава во која владее правото - напиша Најчевска на Фејсбук, по што продолжи со своите видувања за идните министри.
16. Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.
Тоа е уште еден министер во владата на ВМРО – ДПМНЕ кој бил обвинет од ВМРО-ДПМНЕ за корупција и бил наречен “Најголемата болест за македонското здравство“.
И секако, за да биде вистински борец против криминалот и корупцијата мора да има и некое прекршување на законите (или во најмала мера сомнеж за такво нешто).
Во случајот, државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се заинтересира за имотната состојба на претседателот на партијата Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар Арбен Таравари.
17. Бесар Дурмиш ќе биде министер за економија и труд. Уште едно триесетгодишно момче кое како сметководител во мала фирма со шест вработени (REKONT PLUS - Accounting and Consulting Office) апсолутно се квалификува за оваа позиција а малку работел и како шеф на кабинет на директорот на Македонски железници транспорт. Ова македонскиве железници како некој факултет за политичари испаднаа.
18. Игор Филков ќе биде министер за правда. Логичен избор. Има толку богата кариера што морале да ни соопштат дека покрај тоа што е приватен сопственик на трговско друштво за трговија со медицински препарати, бил и активист во студентскиот сојуз.
Сега можам да здивнам. Реформите на правосудниот систем конечно дојдоа во прави раце.
19. Горан Минчев конечно ќе ја среди администрацијата. Тој има најбогата партиска кариера и е дефинитивно човекот кој ја разбира партизацијата на администрацијата. Кој ќе ја среди подобро јавната администрација од соработникот на Бранко Црвенковски кој веќе се покажал како директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Заменик директор ЈП Водовод и Канализација – Скопје и се разбира пратеник.
20. Борко Ристовски ќе биде министер за спорт. Тој е голем поклоник на Груевски и на стиропорот на Скопје 2014. За него симбол на Македонија е триумфалната капија изградена од диктаторчето Груевски. За него професорите, студентите, новинарите, невладините, наставниците, работниците, ... кои се побунија против режимот се хулигани и вандали. Се разбира и Борко Ристовски е казнет за искажани навреди како член на ВМРО ДПМНЕ, што го прави прифатлив за актуелната власт. И се разбира мисли дека упадот во Собранието и тепањето пратеници е супер работа.
Еве ја нејзината објава:Изминативе денови професорката се осврна и на другите предложени лица за идни министерски функции. Таа во три наврати објави „анализа“ на нивната досегашна кариера, особено ставајќи акцент на тоа дека голем дел се поврзуваат или испитуваат за некаки корумптивни активности.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.