Добивај вести на Viber
Под покровителство на заедничкиот технички секретаријат за ИПА-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во Ќустендил денеска ќе се организира македонско-бугарска средба во рамки на манифестацијата „Заедно во традициите и иднината",а под мото „Границите не предизвикуваат разлики, туку создаваат можност за зближување".
Како основна цел на дружењето е заедничко претставување на културата во пограничниот регион, прикажување на игрите и обичаите од двете страни на границата, живописно исполнети со децата на двата јазика.