„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија
Објавено во: Економија 08 Април, 2025 13:30
Потпишан договорот со концесионерот кој ќе го обнови и ќе раководи со комплексот „Македонско село“, соопштуваат од Службата за општи и заеднички работи.
- Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија - ова го укажа директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски кој денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира Министерството за финансии.
Концесионерот има обврска да ги преземе сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.
- После години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје.
Комплексот „Македонско село“ не функционира речиси седум години, откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, а во меѓувреме, СОЗР редовно ги исплатуваше трошоците за осигурување и обезбедување и практично имаше финансиски загуби од над 300.000 евра.
Со изборот на концесионер, правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата - се истакнува во соопштението испратено до медиумите.
Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.
Според надлежните, со реотворањето на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот со што ќе се создадат услови и за зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава.
Можеби ќе ве интересира
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“




