Македонското („IoT”) решение BCON Wireless Socket на второ место на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame
Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2015 14:10
Уредот BCON Wireless Socket е втор по број на гласови со 669 гласа на интернационалниот Business Wall of Fame натпревар на Дојче Телеком. Пред него е само ИоТ решението од Грција MEAZON Bizy со 741 глас. Факт кој е потврда дека во Македонија има потенцијал да се креираат креативни ИоТ решенија, кои би можеле да се имплементираат и продадат интернационално, а овој бизнис сегмент да биде силен фактор на економски развој. Натпреварот има за цел да ги собере најинтересните проекти за Интернет на нештата, со предвидена награда за промоција на победниците од 30.000 евра вредна маркетинг кампања преку Македонски Телеком.
BCON Wireless Socket е уред од SMD-Electronic од Скопје, кој овозможува бежична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или компанијата, со помош на паметен телефон. Претставува своевиден паметен штекер или проширување на штекероткој овозможува контрола и заштеда на енергија дури и кога корисникот е далеку од домот. Се што е потребно е уредот да е вклучен во штекер и интернет врска, а понатаму преку апликација и паметен телефон може да се управува со сите паметни уреди во домот кои се приклучени на BCON.
Уредот води по бројот на гласови од корисниците и на македонскиот натпревар Business Wall of Fame.
Затоа, доколку досега не сте се вклучиле во гласањето, ве повикуваме тоа да го направите и да го поддржите македонското ИоТ решение. А поддршката може и да се исплати! Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат, доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.
Победникот ќе биде прогласен на 7 јули од жири комисија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




