19 Мај, 2024
0.0301

Македонското министерство за здравство нема да ја купува руската вакцина против Ковид-19, ќе набавува преку стандардниот механизам

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство нема да ја купува руската вакцина која треба да штити од коронавирусот, а неодамна беше одобрена како прва во светот и започна нејзиното производство.

Надлежните органи нема да го следат интересот што го пројавија десетици други држави во светот, а секоја вакцина против Ковид-19 во иднина ќе се набавува преку процедурата од која веќе земјата е дел, односно преку таканаречениот Ковакс механизам.

– Во однос на руската вакцина, Северна Македонија не е во преговори за набавка на оваа вакцина. Организациите GAVI (Глобална алијанса за вакцини и имунизации), CEPI (Коалиција за иновации за подготвеност за епидемии) и WHO(Светска здравствена организација) упатија покана до Владата на Република Северна Македонија да се приклучи кон акцијата/проектот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19 преку таканаречен COVAX механизам. COVAX механизмот (Глобален пристап до вакцини за ковид-19) се очекува да резултира во изнаоѓање на вакцина и ставање на пандемијата под контрола во најбрз можен рок преку заедничко здружено инвестирање, споделен ризик, здружени набавки и рамномерна дистрибуција до земјите учеснички, велат од министерството.

Од таму додаваат дека во изминатиот период имало неколку состаноци, во кои се разговарало за детали околу испорака, набавка, количини и начинот на дистрибуција., ошто значи дека ќе се набавува само преку таканаречениот Ковакс механизам. Штом таа вакцина за ковид-19 ќе биде достапна во светот, ќе биде достапна и во нашата земја.

Нашите експерти од областа на имунологија и имунизација велат дека за оваа вакцина многу малку се знае поради што и засега не може да се дадат прецизни заклучоци.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела