20 Декември, 2025
0.0486

Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2017 17:01

Добивај вести на Viber

RED BULL DOODLE ART / 2017 / MACEDONIA / SKOPJE

Со првиот настан одржан во Скопје започнаа квалификациите за учество во натпреварувањето на студентите од целиот свет во чкртање познато како Red Bull Doodle Art.

Македонското жири ги виде првите чкртачки трудови

Чкртањето како слобода на изразување, каде што нема правила и ограничувања, претставува заедничка карактеристика на сите студенти кои го откриваат својот внатрешен талент за време на предавањата. Red Bull Doodle Art настојува да обедини преку 50.000 студенти од целиот свет кои преку глобалната платформа ќе успеат да се изборат за учество на финалната манифестација.

Единствената шанса да се претставува Македонија на Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 доаѓа преку учество на локалните натпревари, а во Скопје се организираше првиот настан во локалот „Кантина“. На тој начин на ова невообичаено неделно матине беа добиени првите 20 трудови во опуштена атмосфера со присуство на публика и музика од Dj Ux.

На патот до националното финале кон крајот на април ќе има уште неколку, по што победникот ќе добие виза за настап во возбудливото финале. Предвидено е за време на апликациската фаза од 3 до 16 април на повеќе факултети во Македонија да се отворат неколку уметнички катчиња, a студентите ќе можат да нацртаат цртежи со коишто ќе се пријават на натпреварот.Публиката ќе може да ги види сите чкртаници и да гласа за своите фаворити преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа.

За националниот победник ќе одлучува македонското жири, во кое членуваат Иван Петрушевски, Давид Ристевски - Dreadpen и Д-р Ангелина Поповска. Петрушевски е графички дизајнер и илустратор кој работи во областа на дигиталната уметност од 2003 година, со неколку самостојни и групни изложби зад себе. Препознатлив по сомбре-суканиците, Ристевски е дизајнер што е вработен во маркетинг агенција, но исто така и „зависник“ од чкртањето кој признава дека секогаш носи маркер со себе. Иако нејзината професионална определба како доктор по науки за конзервација и реставрација на икони, на што воедно и работи во Националнциот конзерваториски центар, Ангелина Поповска е наградуван академски сликар со неколку самостојни изложби, чие што поле на интерес е концептуалната уметност со користење модерни техники.

Иако на финалето ќе има само еден учесник од Македонија, Семос Едукација обезбеди дополнителни три награди во вид на ваучери за посетување на обуки за дизајн во нивниот Adobe Authorized Training Centar.

Оваа глобална манифестација по втор пат ќе претставува светски собир на сите национални победници, откако првата глобална галерија беше организирана во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година, со учество на Матеј Тодоровски, тогашен студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. За оваа година финалето повторно предвидува возбудлива локација, но претхдоно сите учесници ќе добијат соодветен тренинг за креирање завршно уметничко дело со цртање во три димензии (3D), за љубителите на уметноста да можат на крајот да го видат сето тоа преку виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

Што е чкртаница?

Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.

Што е Red Bull Doodle Art?

Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.

Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017?

Ќе дознаеме наскоро!

За повеќе информации околу земјите учеснички, како и за начинот на кој што можете да го пријавите своето дело, посетете ја странатаwww.redbulldoodleart.com, #doodleart

ФОТОГРАФИИ: АЛЕКСАНДРА КОСТАДИНОВСКА, ЕЛЕНА ФИДАНСКА

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии