МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ГИ НАРЕЧЕ ПОСТИЗБОРЕН ПОПУЛИЗАМ НАЈАВИТЕ ЗА АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА - науката не смее да се етницира
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2024 18:33
Науката не смее да се политизира, ниту пак да се етницира. Tаа има своја генеза и континуитет, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски по најавата на претставници од коалицијата „Вреди“ за отпочнување на процес за институционализирање на Академија на Албанците на наука и уметнист во Македонија. Според Димитриевски, таквите идеи се резултат на постизборен популизам.
„Во Македонија постои МАНУ, како една и единствена Академија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од „Вреди“ е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата, вклучувајќи ја и политичката корупција.
За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки“, се вели во реакцијата на Димитриевски.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




