17 Јуни, 2024
0.0273

Максим Димитриевски: Инвестицијата на „Лидл“ во Куманово пред блокада

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека во моментот влезот на Лидл во овој град  е блокиран од државната власт. Според Димитриевски „Врхушката од власта за тоа не знае, но го прават поединци коишто се добро поврзани на интерминистерско ниво помеѓу себе“

-. Инвестицијата е блокирана, а всушност еве сега за таа работа да го прашате Ковачевски, самиот не знае. Во моментот го блокираше Министерството за транспорт и врски и времето ќе покаже кој стои позади оваа одлука, вели градоначалникот на Општина Куманово.

Тој прашува зошто не дозволуваат да се вцрта и да се измени моменталниот урбанистичкиот план, да се спојат маркиците каде што ќе се дозволи на инвеститорот да гради еден голем објект со инвестиција од над 80 милиони евра. Според Димитриевски, зад блокадата на оваа странска инвестиција во Куманово стојат намерите ова земјиште да се купи за мала сума, а потоа да се препродава на трети лица кои ќе инвестираат во индустриската зона.

- Ако е успешна инвестицијата, земјиштето ќе се продаде сигурно над 20-30 евра по метар квадратен на странскиот инвеститор по пат на лицитација. Но ако немате странска инвестиција таму, тоа земјиште ќе остане и ќе го купуваат како што го купуваа претходно некои инвеститори блиски и до нив и до ВМРО-ДПМНЕ за по едно и пол евро по метар квадратен. Првично земјиштето го купи фирма блиска до ДУИ, којашто понатаму ја препродаде на втори и трети лица и тие денеска инвестираат во индустриската зона, дополнува градоначалникот Димитриевски.

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи лани во октомври остварија работна средба со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“

Тема на средбата биле планираните активности во делот на инвестициите и развојот на оваа компанија во Македонија и поддршката од Владата и институциите за успешна реализација на овој проект. „Лидл“ тогаш рече дека веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 метри квадртни и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ДЕЧИЊА ВО ГРАДИНКИТЕ – но и натаму недостигa кадар

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

Тошковски - министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии: Еве што предлага Мицкоски

Тошковски - министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии: Еве што предлага Мицкоски

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон