18 Декември, 2025
0.0564

ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДИ „ЕВРОПА“ ИМА НОВА ДИРЕКТОРКА - еве кој седнува на кормилото на компанијата

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2024 08:48

Добивај вести на Viber

Фабриката за чоколади, бомбони и фавли, „Европа“ од Скопје, има нова директорка.

Промената е заведена во Централниот регистар пред неколку дена.

Станува збор за Марина Симоноски, која ќе биде в.д. извршен директор на компанијата, како и в.д. извршен член на Одборот на директори.

Таа ќе има неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет на компанијата.

Додека, пак, на нејзино место досега беше Марика Караџова, и таа заминува од оваа функција поради одење во пензија.

Како што веќе пишувавме, токму директорката Марика Караџова замина во пензија на 15 мај и затоа Собранието ја констатира нејзината оставка, а на нејзино место сер избра нов раководен кадар.

Инаку, македонската фабрика за чоколади, Европа, во првите три месеци од годинава имаше одличен раст на добивката.

Профитот кој во првиот квартал од годинава го остварила „Европа“ изнесува 237 илјади евра. Во однос на истиот период лани тоа е огромен раст за близу 134 проценти. 

Во првиот квартал се остварени вкупни бруто приходи на износ од 244.461.397 денари и се зголемени за 17,3 отсто во однос на бруто приходите од 2023 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за 01.01-31.03.2024 година се зголемени за 12,1 отсто во однос на истите во 2023 година. Останатите приходи се намалени за 31 отсто, а кај финансиските приходи зголемувањето е 11,6 отсто во однос на 2023 година.

Вкупните расходи се зголемени за 13,3 отсто во односна минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-31.03.2024 година се зголемени за 13,5 отсто, а финансиските расходи се намалени за 48,8 отсто во однос на 2023 година.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?