30 Септември, 2024
0.0255

„Макстил“ се раздолжува! Кој си наплати 8,7 милиони евра?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Големиот производител на македонски челик во голем стил ја заврши 2021 година. Успеа да ја искористи конјуктурата на глобалната побарувачка за новоизградени карго бродови која фантастично ја подигна побарувачката на челик. Заклучно со крајот на 2021 година „Макстил“ го намали својот долг кон „Дуферко Скоп“ С.А. за 40 отсто (исплати 4 годишни рати). Корона кризата очигледно за „Мастил“ отвори добра бизнис перспектива...

„Макстил“ лани имаше исклучителна година. По финансиските извештаи за првите девет месеци во кои кои најголемата челичарница има нето профит од 8,2 милиони евра стигна нова ценовно – чувствителна информација.
Имено, „Макстил“ направил нов договор со својот најголем акционер „Дуферко Скоп“ С.А. , но овој пат акционерот е во својство на доверител. Двете страни склучиле договор за регулирање и реструктуирање на обврските на „Макстил“ кои изнесуваат 27,4 милиони евра. Станува збор за долг кон акционерот кој потекнува уште од периодот на поделба на поранешната најголема државна компанија ПОС „Рудници и Железарници“ од која поделба произлезе и „Макстил“ кој беше основан во 1997 година.

Именот, двете страни се договориле да направат измена и долгот да го менува начинот на исплата. Клаузулата со која било договорено „исплата на повик“ (право на доверителот) била заменета со клаузула „долг за наплата на десет еднакви годишни рати“.

При тоа „Дуферко Скоп“ С.А. странска компанија која поседува 82 отсто од сите акции со право на глас во скопски „Макстил“ се сложила и да даде попуст од 4 отсто на секоја предвремена годишна исплатена рата. Користејќи ја оваа опција „Макстил“ освен ратата за 2021 година, ги платила со попуст и ратите за 2028, 2029 и 2030 година (последните три годишни ануитети). Вкупно за отплата на долгот кон акционерот „Макстил“ исплатил 8,67 милиони евра. Останува да исплати уште шест едногодишни рати во периодот од 2022 година до 2027 година. Интегралниот текст на целата информација е достапен на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=57379

„Макстил“ лани имаше исклучително добра деловн година. Неговите нарачки се зголемени, продажбата достигнала 74,6 милиони евра за првите девет месеци тоа е за 54 отсто подобар резултат во споредба со истиот период во 2020 година. Во вкупната продажба извозот на „Макстил“ учествува со повеќе од 65 милиони евра. За овој период компанијата оствари добивка по оданочување во висина од 8,2 милиони евра што е за 10 пати подобар финансиски резултат во споредба со истиот период во 2020 година.

Глобалната побарувачка за челик индиректно позитивно влијаеше и на пазарната цена на акцијата на „Макстил“ која се тргува на нашата берза. Позитивно на цената во континуитет влијаат и финансиските извештаи на компанијата. Дури и веста за раздолжувањето последниве трговски денови ја држи цената на „Макстил“ околу 100 денари за акција. Во последниве седум трговски месеци оваа акција бележи солидни ценовни нивоа, а во споредба со најниската годишна цена од 58 денари за акција сега таа хартија од вредност се тргува на ниво од барем 100 денари за акција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи