Мал број на лица со посебни потреби завршуваат високо образование
Објавено во: Мои пари 24 Март, 2017 09:42
Според информациите со кои располага тимот на проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“ кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп, во 2015 година само 49 лица со хендикеп завршиле високо образование, 5 станале магистри, а не е забележан ниту еден случај на успешно завршени докторски студии. И покрај фактот дека школувањето во Македонија за лицата со прв и втор степен на инвалидност е бесплатно и истото е покриено од Буџетот на Република Македонија бројките на лица кои завршуваат соодветно образование е исклучително ниска.
“Законот за високо образовниот процес на студентите со посебни потреби им овозможува низа на поволности и олеснувања за студирање како што се бесплатна партиципација, право на редовно студирање, користење на сите услуги утврдени според студентскиот стандард и многу други но и покрај овие позитивни страни сепак бројот на лица кои се образуваат е доста низок. Знаејќи дека високото образование го трасира патот до побрзо вклучување на пазарот на трудот, очигледна е потребата од поголем интерес на надлежните за оваа состојба и превземање на конкретни мерки”, укажуваат одпроектниот тим.
Доказ дека можеме подобро се и позитивните практики кои ги следат земјите членки на ЕУ кои подразбираат: 100% генерална обврска од земјите членки на ЕУ за прилагодување на училиштата и образовните установи според потребите на лицата со посебни потреби. 94.7% од државите членки на Европска Унија имаат прилагодувања согласно со специфични барања кон лицата со посебни потреби. Превземањето на оваа мерка подразбира и логистичко архитектонски промени на универзитетите, поголема достапност и прифаќање од професорите и образовните институции и намалување на психолошките бариери.
Повеќе информации за проектот и активностите во рамки на истиот може да се добијат со контакт на лицето Марија Димитровска, marija.dimitrovska@predaplus.eu.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




