„Мал Шенген“ ги собира Заев, Вучиќ и Рама во Тирана
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2019
По средбите во Нови Сад и Охрид, Тирана е дестинацијата каде ќе се одржат новите средби на лидерите од Западен Балкан.
Премиерот Заев заедно со српскиот претседател Вучиќ, ќе му бидат гости на Еди Рама а причината е „Мал Шенген“.
Според најавите во фокус на средбите во албанскиот главен град ќе биде иницијативата која треба да ја интензивира соработката меѓу земјите и да го олесни но и подобри животот на граѓаните.
Според претходните најави , на средбите денес и утре во Тирана можеби ќе биде присутен и висок претставик од ЕУ, односно Жозеп Борел кој е задолжен за надворешна политика и безбедност.