03 Мај, 2024
0.0243

Малите земјоделски стопанства, фактор за развој на агрокомплексот денес!

Објавено во: Колумни 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во Македонија се забележува важна улога и значење на малите земјоделски стопанства – од една страна со доминантен дел во вкупната структура на земјоделските производни субјекти, а од друга страна со постоењето на голема уситнетост на обработливите површини. Ситното земјоделско производство предизвикува голем број проблеми, главно во однос на недоволни можности за примена на нови технолошки решенија за обезбедување на добри земјоделски практики и сопствено ефективно еколошки прилагодено одржливо земјоделство. Дел од мерките од програмите за развој на селските реони треба да се насочуваат кон надминување на постојните проблеми кај малите стопанства, нивното преструктуирање и преминување кон модерни и конкурентно способни земјоделски производни единици. Критериуми за мали земјоделски стопанства Во стручната јавност сеуште се дискутира за критериумите и класификацијата на земјоделските стопанства по големина, бидејќи социјално-економските услови ги определуваат разликите во организационо-економската структгура на одделни земји. Најчесто препорачани основни критериуми се: големина на користено земјоделско земјиште, економска големина, степен на пазарна ориентација, степен на ангажирана работна сила прифатена е класификацијата на првите два критериуми, кои се широко раширени во Европската унија и кај кои има широк консензус,односно земјоделски стопанства со големина на користена земјоделска површина до 5 хекати  и до 8 економски единици се мали. Пристапот за определување на пазарната ориентација, на земјоделските стопанства намерно се избегнува во ЕУ за утврдување на дел на продукцијата за самозадоволување и за пазар за да можат определени земји-членки да воспостават сопствени критериуми со можност за помагање на полупазарните стопанства. Улога и значење на малите стопанства Компаративна анализа за значењето на малите стопанства за земјоделство во земјите членки на ЕУ покажува дека само во Романија делот на тие стопанства е повисок – над 99%, но нивните разлики се знатно поголеми, бидејќи стопанисуваат во над 62% од користената земјоделска површина. Во Унгарија, Латвија, Литванија, Словачка малите стопанства исто така имаат важна улога во нивното земјоделство (со учество на 90%). Кај некои постари од земјите членки на ЕУ (Грција, Италија, Португалија), исто така се забележува големо значење на малите стопанства чиј дел во структурата учествува со 70%. Во Македонија, значењето на малите стопанства е особено големо, бидејќи средната големина на едно стопанство е 1,85 хекари, но 58% од земјоделските стопанства располагаат (користат) со помалку од 1 хектар. До 5 хекатри површина користат 97,0% од вкупниот број стопанства, со 5-10 хектари располагаат само 2% од стопанството а над 10ха – 1 %. (Национална стратегија 2014-2020 година). Карактеристиката на така малите земјоделски стопанства е дека се користи првенствено сопствен труд, голем дел од сопствениците се пензионери, производната структура е за сопствена консумација (во ЕУ со 70%). Нашите ситни стопанства покрај што се многу поститни од тие во ЕУ, туку пред сè со помал економски потенцијал. Ако не е поддршката од Државата тие никогаш не ќе можат да се преструктуираат и претворат во пазарни стопанства.        Натуралното производство во Македонија има особено значење во остварување на доходите на домаќинствата. Тоа производство игра најголема улога за олеснување на сиромаштијата на населението, бидејќи со самозадоволувањето е надминат дел од прагот на сиромаштијата. Социјално - економското значење на малите земјоделски стопанства за развој на земјоделството и селските реони може да се резимира во следните насоки:
  • Помагаат за оддржливо и интегрално развивање на селските реони. Имаат значење за развој на општините, за културното наследство и специфичните карактеристики. Тие стопанства овозможуваат диверзификација за алтернативно вработување во локалната економија. Врз база на диверзификацијата во земјоделството во неземјоделски дејности (преработка, агробизнис, агротуризмот) и надвор од земјоделското стопанство придонесуваат за пораст на економијата.
  • Имаат важна социјална улога, делуваат како социјална заштитна мрежа која обезбедува преживување на многу луѓе и ги дополнува приходите на семејствата, а познато е дека безработицата во селските реони е највисока а доходот најнизок.
  • Имаат исто така важна улога во управувањето на земјоделското земјиште, заштита на животната седина, биолошката разновидност и лантшафт. Според податоците на Евростат, 20,4% од земјоделксите стопанства на Европа се планински и 48,3% се во неповолни реони. Затоа, поддршката на тие стопанства е од особено значење за забавуваат на процесот на потполно празнење на населението од овие реони.
Стопанствата кои произведуваат само за задоволување на сопствените потреби – натурални земјоделски стопанства и стопанства со полупазарен стандард се карактеризира со:
  • Ниско техничко и технолошко ниво на производство;
  • Примитивен, недоволен и несоодветен фонд на зградите;
  • Преовладува делот на рачен труд што води до висока трудоинтензивност;
  • Ниско ниво на квалификација и остарена работна сила;
  • Екстензивно производство;
  • Подценета улогата на стручни кадри и ветеринарни услуги;
  • Несоодветна и лоша состојба на техничката инфраструктура;
  • Неконкурентно производство поради ниска продуктивност, ефикасност и производност;
  • Отежнат пристапот до кредитни средства;
  • Ниско ниво кон пазарна ориентација.
Високите трансакциони трошоци за набавка на производните фактори и реализацијата на продукцијата не ги стимулира производителите да продаваат на пазар. Затоа е од особено значење кооперирање на малите стопанства заради полесен пристап до пазарот. Практиката покажува дека нема сопствена желба за формално обединување воопшто, а особено на полупазарните земјоделски стопанства. Голем дел од нив немаат потенцијал и финансиски ресурси за производство со примена на современи стандарди за квалитет, за безбедна храна за хуман однос кон животните и др. Политиката на Државата кон малите земјоделски стопанства треба да биде јасно дефинирана. На нив не може да се гледа како на пречка за зголемување конкурентската способност на земјоделското, а акцент да се стави врз нивната улога за придонесот во создавањето на општеството благо. Националната политика треба да го стимулира здружувањето и кооперирањето на нашите производители, градење на врски во системите на вертикална интеграција со финализаторите на земјоделската продукција. Стимулирање на пазарната ориентација за олеснување на пристапот до пазарот преку намалување на трансакциските трошоци. Зајакнување на општините кои треба да осигураат локални пазари и да им олеснат на малите стопанства за директна продажба, подобрување на локалната инфраструктура за олеснување на пристап во реонот за директна продажба. Важен аспект на поддршката на малите стопанства е диверзификацијата. За нивниотопстанок  ќе треба  малиот доход од земјоделство да го надополнат од неземјоделските дејности. Тоа може да се оствари со развој на селските реони кое ќе ги направи привлечни за неземјоделските активности и ќе оствари поголеми можности за вработување. Окрупнувањето до оптимални големини на малите земјоделски стопанства по „природен„ пат-купопродажба на земјишните капацитети, во наши услови може да трае педесетина и повеќе години, затоа приодот кон окрупнување преку разните форми на здружување е најбрз и целисходен пат. Проф. Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина