Малолетник пукаше во училиште - го рани директорот и други лица
Објавено во: Свет 16 Март, 2017
Француската полиција информираше дека е уапсен 17 годишен ученик од средното училиште „Алексис Токвил“ во градот Грас во јужна Франција.
Тој вооружен со пушка, два пиштоли и две рачни бомби влегол во училиштето, го ранил директорот и уште седум други лица.
Според очевидци напаѓачот имал и помагач, кој е во бегство. Тој не и е познат на полицијата од претходно.
Иако француските власти претходно објавија предупредување за тероризам, локалните власти соопштија дека се работи за инцидент поврзан со училиштето.