07 Октомври, 2024
0.0298

МАН: ТВ АЛФА има право на каков било наслов, но треба да се внимава

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber


Новинарското здружение МАН излезе со реакција по објавениот наслов на ТВ Алфа „Зошто Владата на Заев се однесува „педерски“ кон Србија“, откако вчера ЗНМ најави дека ќе поднесе претставка до Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги.

„Во врска со насловот кој го емитуваше ТВ Алфа „Зошто Владата на Заев се однесува “педерски” кон Србија”, Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека владата на Република Северна Македонија нема право да ја критикува телевизија Алфа, бидејќи не го критикуваше ниту премиерот Зоран Заев кога го употреби истиот термин, со што го легализираа тој начин на пежоративно изразување и со тоа го загубија правото да критикуваат друг кога јавно го употребува.

Алфа ТВ се изјасни дека истиот став е пренесен во пежоративна смисла на зборот.

Воедно, насловот го гледаме и разбираме како иронија и критика на речникот на премиерот“, се вели во обраќањето на МНА.

Од таму сепак додаваат дека телевизијата треба да се држи до основните новинарски принципи и стандарди.

„МАН, и покрај тоа, ги повикува новинарите и медиумите да се воздржуваaт од зборови и термини кои се навредливи или содржат можност за толкување како за говор на омраза, без оглед кој и за кои цели го користи таквиот речник (вклучително и премиерот на оваа држава).

Новинарите и медиумите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката, а со користењето пежоративни зборови, дури и на симболичен начин, се отвора простор за генерирање антипатија кон одредени групи во општеството и нивно погрешно сместување во негативен контекст.

МАН ги извести Европската и Меѓународната федерација на новинари за последните случувања во медиумскиот сектор во земјава, вклучително и за инспекцискиот надзор во Алфа ТВ, но и за тековните случувања за аферата Рекет, кои се поврзани со 1ТВ, како и (не)делувањето на владините и правосудните институции, и притисокот под кој се наоѓаат медиумите кои критички известуваат за власта“, се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија