20 Декември, 2025
0.0582

МАН во одбрана на своите новинари со жестоки и политички дисквалификации против СЈО

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 17:30

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација на медиуми упати жестоки критики на адреса на СЈО за начинот на кој ги водат постапките, особено против Сеад Кочан сопственикот на ТВ НОВА и други провладини новинари, сметајќи дека на овој начин директно застанеле на страната на Зоран Заев. Во соопштението кое МАН го објави се содржат бројни политички дисквалификации и реторика која веќе долго време ја користи ВМРО-ДПМНЕ.

- Веќе никој во јавноста нема дилема дека СЈО и СДСМ соработуваат и имаат исти цели и задачи откако СЈО ги ослободи од одговорност Зоран Заев и Зоран Верушевски а отвори процеси против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, главниот уредник на најголемиот македонски медиум Сител Драган Павловиќ Латас, како и главниот уредник на Вечер, и уредник во Сител Ивона Талевска.

Веќе никој нема дилеми дека СЈО не е дел од правосудниот систем во Македонија, туку е казнена експедиција на една партија и еден човек – на СДСМ и Зоран Заев откако самите се дефинираа и то го потврдија тоа сметајќи дека милионските криминали и корупција на Зоран Заев помагани од Верушевски не се криминал, а криминал е кога сопственик на фирма оснива медиум или кога новинари имаат критички однос кон СДСМ и Зоран Заев и заради тоа СЈО отвара постапки против нив и сосема незаконски на прес конференции објавува свои претпостапки во форма на пресуда и малограѓанско оговарање.

СЈО не постои кога се сомневања во медиумите под контрола на СДСМ и фондацијата Сорос во прашање, дури и кога се јавно изнесени јасни докази за перење пари, даночни затајувања и отворено фиансирање на партијата СДСМ преку невладините организации финансирани од странски дипломати и фондацијата Сорос во Македонија.

Бадијала и без ефект некои дипломати зборуваат за потреба од демократија и гарантирана слобода за медиумите и новинарите кога, во исто време, поддржуваат партиска контрола врз СЈО и селективен, тенденциозен прогон на медиуми и новинари од СДСМ и СЈО.

Главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас, изнесе и конкретни докази дека во простории на СЈО, во присуство на нивни вработен Славчо Бојковски функционер на СДСМ, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски неовластено, и незаконски вршел распит врз сведок на кој му нудел надомест со бизнис ако сведочи против главниот уредник на Сител, а доколку не соработува дека ќе биде обвинет.

Неколку дена подоцна истата закана му е повторена и од обвинителката на СЈО Елизабета Јосифовска и нејзиниот тим.

Катица Јанева и СЈО јавно се фалат дека наместо со законот своите акции ги координираат со странски дипломати кои освен во СЈО влегуваат и во судови и се обидуваат да даваат насоки за судење по предмети кои ги води СЈО. Од тие причини за овој случај е известена и амбасадата на САД во Скопје и побаран е прием за да се образложи овој настан и добие поддршка за обезбедување законски услови на странките пред СЈО, особено за медиуми и новинари кои СДСМ ги прогласи за свои непријатели и бара акции од СЈО против нив, но од амбасадата на САД, до денешен ден, нема одговор што упатува дека оттаму е одобрена акцијата на СЈО против медиуми и новинари кои Зоран Заев ги смета за свои непријатели.

Ја прашуваме амбасадата на САД како и СЈО, во која демократска држава функционер на партија врши распит на граѓанин во просторија на обвинителство и му се заканува?

Во која демократска држава обвинител на прес конференција изнесува свои претпоставки за криминал на сопственик на медиум, уредници и новинари јасно и намерно уривајќи го нивниот углед и професија без да има докази, и без да постои пресуда за тоа?

Заради ваквите случувања веќе 30 дена во Македонија се протестира против киднапирање на државата и правниот систем од страна на СДСМ, СЈО и некои дипломати. Заради тоа Македонската асоцијација на новинари ги поддржува протестите и повикува секој што е загрижен за слободата, правниот систем и демократијата да се приклучи на протестите, сооштија од МАН.

Во МАН членуваат претежно новинари од провладините медиуми, а оваа организација со години е во судир со ЗНМ и останатите новинарски здруженија и синдикати кои ги бранат правата на медиумските работници во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти