Добивај вести на Viber
Во рамки на истражувачкиот центар по генетика „Георги Ефремов“, денеска беше отворена лабораторија за геномика и протеоника. Со опремата во неа, треба да се помогне во рано дијагностицирање на рак, а проектот тежи 600 илјади евра . Иако лабораторијата ќе го зајакне истражувачкиот центар, како алатка која за користат државните и приватните клиники сепак искористеноста е ниска. Ова го потврди и самиот премиер.
„Во оваа лабораторија Владата инвестираше приближно 600 илјади евра и таа е единствена во Македонија и регионот. Ова е извонредна можност која се надевам максимално ќе биде искористена и од страна на приватните и државните клиники. Но ако се организираат добро и понудат со свој тарифник на услуги, МАНУ може добро да заработи и да има приходи,“ изјави премиерот Груевски.
Новата опрема служи за дијагностика на наследни, малигни и инфективни заболувања, за одредување на индивидуалниот ризик за добивање на комплексни болести како и за одредување на индивидуална терапија и следење на ефектот од болеста.