15 Декември, 2025
0.0451

МАПАС СО ПОГОЛЕМ БУЏЕТ СЛЕДНАТА ГОДИНА – растат трошоците за вработените, но и нивниот број

Објавено во: Финансии 14 Ноември, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) следната година планира да потроши 124.225.000 денари или нешто над 2 милиони евра. Вкупната сума е зголемена, а средствата ќе бидат распоредени за тековни трошоци како што се платите на вработените, која е една од најголемите ставки, но и трошоци за патувања, за комуналии, за редовни одржување и инвестиции. За тековната 2025 година за ставката расходи биле планирани 102.785.000 денари или 1,6 милиони евра.

Согласно податоците објавени во нивниот Финансиски план за 2026 годна, во нивната каса би требало да се слеат вкупно 124.500.000 или над два милиони евра. Од нив, најголем дел од приходите ќе дојдат од придонеси од пензиски друштва и тоа во висина од 112.000.000 денари. Тоа се пари кои се очекуваат да се наплатат од месечен надомест од пензиските друштва од 0,6 отсто од вкупните придонеси, уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд со кој управува пензиското друштво. Очекувањата се дека во нивната каса ќе се велат уште 4 милиони денари приходи врз основа на административни надоместоци. Како и 8.500.000 денари од камати од орочените депозити.

Кај ставката расходи, најголема е сумата која се планира да се потроши е за ставката плати и надоместоци. По овој основ МАПАС планира да потроши 78.000.000 денари за бруто-плати или 1,2 милиони евра.

За споредба минатата година за оваа цел биле планирани 50 милиони денари, и согласно извештајот планот ќе се реализира со 97 проценти. Од Агенцијата посочуваат дека големиот раст на оваа сума се должи на растот на бројот на вработени.

-  Во 2026 година освен бруто-платите на вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата, исто така планирани се дополнителни средства заради систем на разумно управување со човечки ресурси согласно закон и колективен договор. Планираните расходи за Вкалкулирани плати и надоместоци во 2026 година се значитечно повисоки во однос на планираните расходи по истиот основ за 2025 година поради потребата за пополнување на седум работни позиции во Агенцијата согласно Годишниот план за вработување – се посочува во извештајот на МАПАС.

Инаку во Агенцијата заклучно со крајот на 2023 година биле вработени 31 лице, а од нив тројца биле дел од Советот на експерти кои се задолжени за управување на Агенцијата. Ова значи дека со планираните нови седум лица кои би се вработиле следната година, во Агенцијата ќе има вкупно 38 вработени, а нивната просечна бруто плата ќе достигнува скоро 2.800 евра, што е навистина солидна сума. 

Сепак, сосема јасно е дека не сите во МАПАС ќе земаат над две илјади евра бруто плата, туку хиерархиски платите ќе бидат распоредени според позициите, но најверојатно никој од нив нема да има просечна македонска плата.

Меѓу останатите ставки за кои се планираат поголеми средства е и ставката, други услуги во вкупен износ од 17.820.000 денари. Овде влегуваат одржување на софтвер за втор и трет столб на пензискиот систем, одржување на ИБМ хардверска опрема, одржување на софтвер за архива, за сметководство....

Меѓу расходите за 2026 година се планирани и 2.350.000 денари занаемнини, што пак опфаќа изнајмување на сали и амфитеатри, закуп на интернет линија, изнајмување на друга опрема и лизинг на возила.

Се планираат и трошоци за службени патувања во земјата и во странство во висина од 2.100.000 денари. Додека пак, расходите за интелектуални и други услуги за 2026 година се во износ од 6.430.000 денари. Се планира тие да се користат за плаќање на надомест за надворешни членови на Советот на експерт, други услуги - проценител, нотар, потоа превод на текстови, лекторирање ...

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно