27 Април, 2024
0.0303

Маричиќ: ЕУ бара мониторинг на 50 случаи на висока корупција годишно

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Бопјан Маричиќ, новиот министер за правда, денеска на средба со новинарите рече дека мониторингот на ЕУ за случаите на висока корупција треба да започне до крајот на оваа година.

- Истиот ќе трае до 2025. Треба да имаме 50 случаи на висока корупција годишно под мониторинг кој ќе ја осигура ЕУ дека се спроведуваат случаите, рече Маричиќ на брифингот со медиумите.

Владата вчера ја разгледа и усвои информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа Корупција за 2019 година, Според статистичките податоци, во 2019 година, ново-оформени биле вкупно 41 предмети за кривични дела од областа Корупција, во кој број се вклучени и предметите за случаи на корупција од висок профил.
 Истата година, евидентирани се вкупно 9 нови предмети за случаи на корупција од висок профил и сите тие во текот на 2019 година се статус „Во тек“. 

- По првите 100 дена ќе имаме дефиниран модел кој заедно со судските чинители ќе го презентираме пред јавности. Во овој период и формално ќе започнат преговорите на Македонија со ЕУ, рече Маричиќ за постапката по која ќе се одвива дефинирањето по кое ќе се прочистува судството.

Основната идеја на министерот во концептот ќе биде проверка на имотот и на случаите кои се застарени и блиску до застарување кај судиите и обвинителите, до каде се случаите од висока корупција и висок интерес, како и ефективна постапка каде ќе се утврди одговорност за непостапување на судиите и обвинителите. 

- На оние кои добро ќе ја вршат работата ќе им се оддаде признание. Ќе се зајакнуваат и ресурсите и за судиите и за обвинителите, во смисла на стручни соработници, избори на нов кадар и истражители, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир