06 Декември, 2025
0.0288

Марија Палоска: Моите креации ги споделуваат Лила, Елена Ристеска, Марјана Станојковска, Тамара Тодевска, Сергеј Варошлија...

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2018 13:05

Добивај вести на Viber

Марија Палоска е млада, талентирана и креативна девојка која стана препознатлива по своето хоби – уникатните модни илустрации.

За себе вели дека е обичен Маркетинг студент и илустратор. Има 19 години и е втора година на Економскиот факултет во Скопје, инаку доаѓа од Охрид (Пештани).

„Уште како мала, од кога паметам за себе, обожавав во тетратките да цртам некои си мои фустани. Она што ќе го видев на ТВ уште истиот ден го прецртував. Тоа го правев пред да бидат познати социјалните мрежи (кога имав 5/6 години) и наместо како сега што ги објавуваме фотките на Инстаграм, цртежите се чуваа во тетратки и листови и обавезно потоа одеа во рацете на гостите дома... Кога веќе станаа популарни социјалните мрежи, решив да направам Инстаграм профил каде ќе бидам повеќе посветена и попрофесионална иако сè уште учам нови работи и се трудам да ги усовршам старите. Би сакала да ја споменам Елена Лука, таа е моја најголема мотивација и инспирација.“, открива Марија за „Хаштаг“


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: