28 Март, 2024
0.0256

МАРЈАН НЕЧАК: Ме ужаснува дилетантизмот во уметноста

Објавено во: Стил 14 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Никој не го финансира театарот кај насМинистерството за култура на сите им дава по една трошка од колачот наречен буџет. Сакаат кон сите да бидат „добри“, но со тие пари никој ништо не може да направи, револтиран е докажаниот македонски уметник

Со музика се занимава од својата петта година. Во родната Битола завршил нижо и средно музичко училиште (соло пеење и контрабас), но негова комфорна зона е компонирањето на кое студиозно му пристапува уште во гимназиските денови. Одбива да студира композиција на некој од регионалните факултети сметајќи дека таквото учење е стереотипно и некреативно. Желбата да биде слободен уметник, а не, како што вели, клон создаден од професорите, била пресудна да продолжи сам да изучува и креира. Кратко време по оваа негова „радикална“ одлука му се случува Битолскиот театар, соработка со докажани македонски режисери, но и со уметници од поранешните ју-простори. Многу години подоцна со сериозни проекти во својата биографија, се запишува на Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА каде завршува театарска и филмска композиција. Овојпат поводот за разговор со Марјан Нечак е претставата The Little Wire Girl продуцирана од Словенско Народно Гледалишче, а копродуцент е Битолскиот подвижен музички театар (Moving Music Theatre) чиј основач е тој. По премиерната изведба на отворањето на фестивалот „Драма“, претставата на 28 јуни ќе гостува во Нови Сад, а на 7 август ќе ја види и македонската публика на фестивалот „Охридско лето“. Официјалната премиера е закажана на 28 септември во Љубљана. Во проектот е вклучена и нашата редовна колумнистка, поетесата Ана Бунтеска.

Целиот текст на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи