Маск: САД се соочува со банкрот!

Објавено во: Економија 20 Март, 2025 11:43
Соединетите Американски Држави се соочуваат со банкрот поради корупција и прекумерно трошење, изјави шефот на американското Министерство за владина ефикасност, Илон Маск.
"Ако една земја троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира, исто како и човек. Причината поради која работам овде е затоа што сум многу загрижен дека Америка може да банкротира поради корупција и трошоци. Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод "Америка" ќе потоне", рече милијардерот во интервју за Фокс њуз.
Според него, „махинациите и губењето на владата се толку големи“ што Америка поради тоа губи два трилиони долари годишно.
„Американскиот национален долг порасна толку многу што дури и каматата за него го надминува целиот воен буџет. Порасна неконтролирано“, додаде бизнисменот.
Веднаш по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, властите во земјата започнаа со преглед на големите расходи на државниот буџет. Според Илон Маск, американското Министерство за владина ефикасност очекува да ги намали трошоците на Вашингтон за два трилиони долари.
На иницијатива на Маск, работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) беше привремено суспендирана со цел нејзина понатамошна реорганизација.
Можеби ќе ве интересира
ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ЛАГАРД: Трговската војна ја зголемува инфлацијата во Европа, закрепнувањето е во ризик
ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ДОБИЈАТ АКЦИОНЕРИТЕ - одлуката ќе се потврди на акционерско Собрание во април
