24 Март, 2025
0.0336

ЕВЕ ШТО СЕ ТРЕБА ДА ИМААТ УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ДА РАБОТАТ: Карпош почна масовна акција со инспекции

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 09:52

Добивај вести на Viber

Општина Карпош започна со инспекциски контроли на угостителските објекти во општината.
Секторот Инспекторат при Општина Карпош упаќа јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори. 
„Ваква инспекциска контрола последен пат беше спроведена во 2024 година, и од таа причина се известуваат сопствениците на локали дека се должни, на лице место имаат подготвено фотокопии од следниве документи:

1. Одобрение за вршење дејност

2. Одобрение за поставување урбана опрема

3. Елаборат за поставување на урбана опрема

4. Тековна состојба

5. Имотен лист за деловен објект

6. Елаборат за заштита на животната средина

7. Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место

8. Лична карта на одговорно лице

9. Телефонски број и лице за контакт

10. Службен e-mail

Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз повеќе од 100 локали на територија на Карпош, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог“, велат од општината.



Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница

МАЖ ПУКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП: Ранил службеничка која заврши во болница

ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат

ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат

МИТЕВА: Направени се 116 вонредни надзори, изречени се забрани

МИТЕВА: Направени се 116 вонредни надзори, изречени се забрани

Исклучена струјата на ЈСП Струмица Транспорт, градоначалникот Костадинов вели дека тоа е смислен потег

Исклучена струјата на ЈСП Струмица Транспорт, градоначалникот Костадинов вели дека тоа е смислен потег

ОВА ГИ НАДМИНА СИТЕ ГРАНИЦИ: Јован Јанев објави дека ја напушта Левица

ОВА ГИ НАДМИНА СИТЕ ГРАНИЦИ: Јован Јанев објави дека ја напушта Левица

„ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ НЕ БИЛА ПЛОМБИРАНА, ИЗРЕЧЕНА Е КАЗНА ЗА ПРЕКРШОК“: УЈП соопшти и други детали

„ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ НЕ БИЛА ПЛОМБИРАНА, ИЗРЕЧЕНА Е КАЗНА ЗА ПРЕКРШОК“: УЈП соопшти и други детали

САБОТА СПРОТИ НЕДЕЛА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ ОДАТ ЕДЕН ЧАС НАНАПРЕД: Од 30. март почнува летното сметање на времето

САБОТА СПРОТИ НЕДЕЛА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ ОДАТ ЕДЕН ЧАС НАНАПРЕД: Од 30. март почнува летното сметање на времето

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за полициските командири од Кочани

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за полициските командири од Кочани

„САКАВ ДА СЕ ОТКАЖАМ, НО ПАЛЧО ДВА ПАТИ МИ ПОВТОРИ ДЕКА ЌЕ МИ ЈА УБИЕ ФАМИЛИЈАТА ПРЕД МЕНЕ“: Од денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче

„САКАВ ДА СЕ ОТКАЖАМ, НО ПАЛЧО ДВА ПАТИ МИ ПОВТОРИ ДЕКА ЌЕ МИ ЈА УБИЕ ФАМИЛИЈАТА ПРЕД МЕНЕ“: Од денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче