19 Декември, 2025
0.0443

ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА, ЕВЕ КОЛКУ ЌЕ ДОБИЈАТ АКЦИОНЕРИТЕ - одлуката ќе се потврди на акционерско Собрание во април

Објавено во: Економија 21 Март, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Април ќе биде месец на акционерски собранија на домашните компании кои котираат на Македонската берза. На крајот на тој месец, конкретно на 23, Собрание ќе одржи и тетовскиот комбинат Тетекс, а една од одлуките што ќе се разгледува и која ќе треба да ја аминуваат акционерите, е и онаа за распределба на ланската добивка. 

А, согласно Годишната сметка за 2024 година на Тетекс АД Тетово,  добивката по  одданочување изнесува 1,13 милиони евра. 

Според предлогот кој го дава компанијата за распределба на добивката, нивниот план е износ од 56 илјади евра да се внесе во законските резерви на Друштвото.

Веста која што е најбитна за акционерите е дали и колкава дивиденда планира да подели комбинатот, а тоа се 351 илјади евра, кои ќе се исплатат во вид на дивиденда на имателите на акции. 

И, како нераспоредена добивка ќе останат 719 илјади евра.

Според процентот на акции, Иванка Гоговска која поседува 6,92 отсто од капиталот, би зела како дивиденда нешто над 24 илјади евра, а слични, нешто помали суми би инкасирале и Лоди Гоговска, која поседува 6,89 отсто и Бобан Гоговски, кој располага со 6,67 отсто од акциите.

А, одредена сума ќе добијат и околу 900 мали акционери физички лица, кои се главно поранешни вработени на некогашниот комбинат и кои заедно имаат околу 60 отсто од сопственоста, што значи би добиле заедно сума од околу 210 илјади евра.

Но, акционерите ќе треба да гласаат и за тоа од добивката да бидат исплатени пари и на извршните директори на друштвото, согласно со нивните договори што ги имаат. 

„Се одобрува учество во добивката за 2024 година на Извршните директори на Друштвото, во износ уреден со член 6 од нивните Договори за уредување на односите меѓу Друштвото и извршните директори и одредбите на Законот за трговски друштва. Одобреното учество во годишната добивка на друштвото се пресметува на делот од годишната добивка што останува по намалувањето на остварената добивка за износите што се издвојуваат за законски и за статутарни резерви“, се вели во предлогот за акционерското Собрание.

Според дивидендниот календар кој го предлага компанијата, дивидендата ќе изнесува 351 илјади евра, а висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,795 отсто од номиналната вредност, односно 55,56 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 09.05.2025 година, а прв ден на тргување без  право на дивиденда е 12.05, додека датум на стекнување на право на дивиденда е 13.05 оваа година. Исплатата на дивидендата ќе биде во законски рок. Известувањето на акционерите кои имаат право на  дивиденда за исплата на дивиденда ќе се изврши на веб страна на Тетекс АД Тетово, преку сеи –нет  на Македоска берза АД Скопје и со писмено известување до секој акционер“, се вели во предлогот за кој ќе гласаат акционерите. 

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии