Маскирани лица со тврди предмети мавале кон возило на новинари во Митровица
Објавено во: Балкан 09 Декември, 2022 16:34
Маскирани лица со тврди предмети нападнале возило на новинари во Северна Митровица.
Станува збор за службеното возило во кое се наоѓале новинари на порталот на албански јазик „Калѕо“ (Kallxo.com), кои известувале за распоредувањето на косовската полиција во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Во возилото имало две лица – продуцентот Валдет Салиху и новинарката Шкодране Дакај. Новинарите успеале да побегнат во правец на другиот дел на Митровица и не им се нанесени повреди.
Случајот е пријавен во полициската станица во јужниот дел на поделениот косовски град. Здружението на новинари на Косово (АГК) го осуди нападот и побара безбедност за новинарите.
Новиот развој на ситуацијата на Косово, каде повеќе од 300 полицајци од јужна Митровица влегоа во северниот дел од градот, будно го следи и претседателот на државата, Александар Вучиќ. Тој на Инстаграм објави дека предавање.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




