20 Мај, 2024
0.0318

Масло од црн дроб на ајкула – придобивки врз имуниот систем

Објавено во: Мои пари 01 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Маслото од црн дроб од ајкула се користи како традиционален лек во Норвешка и Шведска стотици години. Се користи за лечење на рани и како лек за болести на респираторниот тракт и дигестивниот систем. Забележана е и употреба на маслото за т.н „Болест на жлездите“, што е веројатно народно име за лимфаденопатија. Употребата на масло од црн дроб од ајкула е присутна и во народната медицина на други земји (Шпанија, Јапонија, Кина). Во 1922 година научниците ја изолирале терапевтски активната компонента од масло од црн дроб на ајкула и го нарекле алкилглицерол, а во 1930 година, кандидатот за Нобелова награда сер Роберт Робинсон за прв пат синтетизира алкилглицероли. Во 1952 година младата шведска докторка Астрид Брулт открила дека коскената срж на кравата го стимулира производството на леукоцити кај деца со леукемија. Подоцна беше откриено дека „стимулирачките фактори“ се всушност самите алкилглицероли.Во текот на следните педесет години, лековитото дејство на алкилглицеролите беше потврдено во многу студии.

По структура, алкилглицеролите се алкил естри на глицерол (липиди на глицерол-етер). Во природни извори, маслото од црн дроб на ајкула е секогаш естерифицирано со масни киселини.Покрај алкилглицероли, маслото од црн дроб на ајкула содржи и сквалени, витамини А и Д, естри на масни киселини, естри на глицерол, триглицериди, холестерол и масни киселини.Алкилглицеролитеинаку,се наоѓаат и во мајчиното млеко и се клучна супстанција која им дава имунитет на бебињата против инфекции и им помага дополнително да го изградат својот имунолошки систем. Кравјото млеко содржи и алкилглицероли, но во количини до 10 пати помалку отколку во мајчиното млеко. Сепак, маслото од црн дроб од ајкула содржи и 1.000 пати повеќе алкилглицероли отколку мајчиното млеко.

Алкилглицеролите се наоѓаат во сите хематопоетски органи на цицачи, додека ги нема во растенијата. Кај луѓето, тие се наоѓаат во повисоки концентрации во млекото, коскената срцевина, црниот дроб и слезината. Највисоката концентрација на алкилглицерол во природата се наоѓа во маслото од црн дроб од ајкула.

Ин витро и студии на животни континуирано покажаа дека дури и мали дози на алкилглицерол од масло од црн дроб од ајкула значително ја зголемува способноста на макрофагите да ја оневозможат активноста на патогенот. Покрај тоа, познато е дека алкилглицеролите ја зголемуваат концентрацијата на неутрофили кои го штитат телото од бактериски и габични инфекции. Оралниот внес на масло од црн дроб од ајкула, исто така, се покажа како ефикасно средство за зголемување на производството на имуноглобулини (антитела). Клиничките испитувања врз луѓе го потврдуваат и дополнително го разјаснуваат она што во народната медицина одамна се знаело – силниот имуностимулациски ефект. Дефинитивно, земањето масло од црн дроб на ајкула во високи дози обезбедува заштита од бактериски, вирусни и габични инфекции.Поради способноста на алкилглицеролите да го регулираат имунитетот, тие исто така може да бидат корисни во третманот на атопичен дерматитис.

Способноста на маслото од црн дроб од ајкула да го активира имунолошкиот систем има и дополнителни придобивки. Особено се знае дека стимулацијата на активноста на макрофагите е од суштинско значење при борбата со туморите. Иако се потребни дополнителни човечки студии за да се потврди антитуморниот ефект, досегашните наоди укажуваат на потенцијалната клиничка важност на маслото од црн дроб од ајкула како дополнителна терапија за рак.

РЕЗИМЕ НА ЕФЕКТИТЕ НА АЛКИЛГЛИЦЕРОЛ:

·зајакнување на одбрамбениот систем (зголемено производство на антитела

·заздравување на рани

·заштита од настинки,грип, алергии, астма и бронхитис

·заштита од хемотерапија и радиотерапија

·инхибиција и регресија на растот на туморските клетки

Инаку, се работи за апсолутно безбеден додаток во исхраната , без никакви несакани реакции.Лабораториски студии кај животните во дози 100 и 200 пати повисоки од препорачаната максимална дневна доза за луѓе (1500 mg масло = 240 mg алкилглицероли) не предизвикале несакани ефекти или зголемена смртност.

М-р по фармација Кирил Пецевски

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО