Маж сте и пушите? Ова би можело да ве интересира!
Објавено во: Стил 05 Декември, 2014 19:42
Научници потврдиле дека мажите кои пушат повеќе порано отколку непушачите ќе го изгубат машкиот хромозом, а тоа би можело да објасни зошто мажите пушачи се склони кон заболувања од рак отколку жените кои пушат.
Истражувачи откриле дека мажите пушачи имаат значително помалку крвни клетки од „Y“ хромозомот, и дека тој недостаток е поизразен кај тешките пушачи. Интересно е тоа што состојбата со „Y“ се поправа после престанувањето со пушење.
„Ние одамна успеавме да ја докажеме дека поврзаноста помеѓу губењето на „Y“ хромозоми во крвта и зголемениот ризик од рак. Сега го тестиравме ова влијание на животниот стил и клиничките фактори кои би можеле да бидат поврзани со недостатокот на „Y“ хромозоми“, рекол Ларс Форсберг од Универзитет во Шведска.
„Од големиот број на факторите кои ги пручувавме, како што се на пример возраст, крвен притисок, дијабетес,конзумирање алкохол и пушење, откривме дека губитокот на „Y“ хромозоми во делот на крвните клетки бил почест кај пушачи отколку кај непушачи“, рекол др. Форсберг.
„Овие резултати покажуваат дека пушењето може да предизвика губење на „Y“ хромозоми, но и тој процес може да биде реверзибилен. Откривме дека бројот на клетки со недостаток на „Y“ хромозоми не се разликува кај поранешните пушачи и оние кои престанале да пушат. Ова откритие би било многу уверлив доказ за престанок со пушење“, рекол докторот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





