26 Април, 2024
0.0290

Медицинските сестри бараат учество во креирањето на здравствените политики!

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Работата на медицинските сестри е напорна и тешка но исто толку и благородна и одговорна. “Ние не сме ангели, но сме втората најубава работа по ангелите”- вели за Фактор м-р Горданка Бешлиовска, главна медицинска сестра на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“, координатор на здружението на медицински сестри “За нас” и Унијата на ЗМСТА. Неодамна медицинските сестри се обединија во УНИЈА преку која како што вели сакаат да дадат посебен акцент на племенитоста и хуманоста на нивната професија, која сметаат дека заслужува да биде и законски регулирана. Закон во кој ќе биде предвидена и комората која ќе ги назначува сите нивни обврски и начела но и ќе ги штити нивните права.

“Медицинските сестри подолго време пред се заради обединување и за сопствени цели се здружуваа единствено на ниво на здруженија. Во нивото на здруженија си овозможуваа едукации преку семинари и работилници, но без компетенција и можност да учествуваат во здравствената политика. Поради тоа останаа голем број на нерешени проблеми во самиот статус на сестринската професија. Ние сме препознаени во сопствената професија и сме носители на здравствената нега, и носители на здравствените тимови каде нашите интервенции се отсликуваат врз основа на зависноста на пациентот и времетраењето од сестринските инетервенции, брз основа на што и се категоризираат пациентите по тежина”-објаснува сестра Бешлиовска.

Формирањето на Унијата според сестра Бешлиоска доаѓа во вистинско време, кога се случува и измената и надополнувањето на Законот за здравствена заштита за чија цел е номинирана работна група од страна на ресорното министерство а во чиј процес вели сестрите не се вклучени. Една од целите на Унијата е да добијат место во работната група, односно во работниот процес за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита.

“Унијата подготви голем број на измени и надополнувања на Законот за здравствена заштита за кои што ги информиравме Министерството за Здравство и Лекарската комора која е активно вклучена во работењето на законот. Искрено се надеваме дека после ќе следи и носењето на Законот за сестри кој е од особена важност за нашата фела. Се надеваме дека Унијата ќе биде правилно препознаена во сопствените намери и цели и ќе ни овозможат и ние активно да бидеме вклучени во изработката на Законот за сестринството, кои очекуваме конечно да не предвиди законски како сестринска комора, која преставува правен субјект и преку која ќе бидеме иплементирани во здравствената политика”- објаснува Бешлиовска.

Медицинскиот егзодус кој се случува последниве неколку години и масовното одлевање на медицинскиот кадар меѓу кои најмногу лекари и медицински сестри според неа се должи на ниските плати и нерешениот статус. Од тие причини очекуваат конкретни решенија за надминување на овој сериозен проблем од кој зависи работата на здравствените установи и здравствената нега и заштита на пациентите.

“Ова е голем проблем којшто индицира голем недостаток нa медицински сестри во здравствените институции. Мислам дека ни недостасуваат поконтинуирани конкурси за редовни вработувања на сестрите како би се решиле статусите на голем број сестри кои во моментот работат во болниците како волонтери и со статус договор на дело. Исто така и подобрување на коефициентот за платите на медицинските сестри кои во последниве години стагнира, а во колективните договори е предвиден во една многу мала дискрапанца во основното образование на сестрите и сите додатоци кои треба да следуваат”- потенцира координаторката на Унијата на ЗМСТА.

Од особена важност според неа е Унијата да биде вклучена и во образовниот процес на сестрите каде што може да даде најголем придонес особено во клиничката пракса која што е клучна за професионален и квалитетен образовен процес.

“Во Европа и ширум светот сестрите насекаде се здружени во комори кои се регулирани законски и правно. Од тие причини на 12-ти мај 2017-та година го формирав здружението на медицински сестри, техничари и акушерки „ЗА НАС“, кое само по себе преставуваше и иницијатива за формирањето на Унијата на ЗМСТА. Така на состанокот на 18-ти јули 2017-та година преставници од здруженијата „Славјанка Влахчева“ - приватен сектор; „Флоренс Најтингејл“ - Тетово; Сојуз на здравствени работници - Тетово; Здружение на КЗРМ; преставници на акушерките од Специјалната болница - Чаир; Здружение на медицински сестри и лаборанти – Гостивар, сите координатори - членови на здружението „За нас“ и преставници од останатите примарни, секундарни и терцијални здравствени нивоа во земјава донесоа одлука за формирање на УНИЈА НА ЗМСТА. Целите за формирањето на Унијата се информирање и градење јавна свест за професијата, формирање на комора, стручен развој, стандарди и квалитет на услуги, меѓународна соработка и општи цели, а за работата на Унијата и нашата единственост тековно го информираме Министерството за Здравство“-додава координаторката на Унијата на медицински сестри.

Компетенциите како сестринска комора смета сестра Бешлиовска дека ќе им овозможат учество и во измените на колективните договори, од кои подоцна произлегуваат систематизациите во здравствените установи, каде што пак ќе може сестрите правилно да бидат вреднувани во сопствената работа.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори