Мега лото добивка во САД вредна половина милијарда долари
Објавено во: Економија 31 Март, 2018
Во САД е извлечена нова рекордна добивка на лото вредна нешто над половина милијарда долари.
Според првичните информации извлечен е џек-пот од 521 милион долари во Њу Џерси, соопшти Државната лотарија на САД.
Американските медиуми јавија дека добитниот тикет е купен на бензинска пумпа.
Џек-пот последен пат освои 20-годишно момче од Флорида, а тогаш изнесуваше 451 милион долари.