17 Мај, 2024
0.4535

Меѓународен скандал: Романија и забрани на Ковеси да ја напушта земјата и да зборува пред медиуми

Објавено во: Свет 29 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Романија предизвика меѓународен скандал откако ја постави прославената поранешна антикорупциска обвинителка Лаура Ковеси под специјална судска контрола. Ковеси е фаворит во трката за Европски обвинител.

По речиси шестчасовна сослушувања од обвинителите за делa за истрага на криминални злосторства, поранешната романска обвинителката е со забрана да ја напушта територијата на Романија или да зборува пред медиумите за случајот за кој е под истрага. 

"Ова е мерка да се затвори мојата уста“, напиша Ковеси на својот профил на Фејсбук.

Канадскиот амбасадор за Романија и Бугарија Кевин Хамилтон исто сподели на својот профил дека е "загрижен" од информациите дека Ковеси има забрана да ја напушти земјата и да комуницира со медиумите. Романија моментно претседава со Советот на ЕУ.

Речиси паралелно со номинацијата на Ковеси во изборот за јавен обвинител во 2019 година, романските власти започнаа истраги против неа, при што главните обвинувања се за некаква корупција. Романската влада, која се противи на кандидатурата на Ковеси, исто така започна активна кампања. Во почетокот на февуари романскиот министер за правда, Тудор Тоадер дури вети дека ќе стори сé за да спречи нејзиното избирање на новиот европски пост.

Помеѓу 2013 и 2018, како главен обвинител Ковеси беше една од главните причини за мноштвото осудени политичари од вишиот ешалон во Романија, вклучувајќи министри и пратеници.


Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра