17 Мај, 2024
0.0446

Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија - Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ ќе се одржи од 16 до18 мај во Охрид

Објавено во: Македонија 03 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје одбележува 75 години од неговото основање. Овој Институт е прва и најстара високообразовна институција за образование на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава. Од него потекнале истакнати педагози, министри за образование, декани на факултети, директори на просветни институции, магистри и доктори на педагошки науки.

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје организира Mеѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија - Воспитно-образовни предизвици и перспективи“.

Поводот за нејзиното организирање е одбележувањето на 75-годишнината од постоењето на Институтот за педагогија, еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Меѓународната научна конференција ќе се одржи во периодот од 16 до 18 мај 2022 година во х. Инекс Олгица, Охрид.

Конференцијата e под покровителство на Претседателот на државата проф. д-р Стево Пендаровски.

На овaa научнa конференција со меѓународно значење ќе учествуваат истакнати универзитетски професори и стручњаци од праксата од земјата и странство (Македонија, Финска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Чешка, Словачка, Израел, Обединето Кралство, Украина, Египет, Италија, Албанија, Казахстан, Црна Гора, Косово, Бугарија и Швајцарија). На конференцијата се очекува присуство на 200 учесници и гости – ректори, декани, градоначалници, универзитетски професори, педагози, наставници, воспитувачи и студенти.

Целта на конференцијата е афирмација и промоција на нашата дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји. По периодот на изолација заради пандемијата, очекуваме на конференцијата да се направи ретроспектива на последните случувања во воспитно-образовната политика, како и научен осврт за реформските зафати во нашиот образовен систем, примери од теорија и практика, да се дискутира за актуелните прашања од сите области и потсистеми на воспитанието и образованието, да се промовираат нови педагошки концепти и идеи и да се споделат резултати од најнови истражувања и иновации.

Треба да се истакне дека програмскиот одбор на оваа Меѓународна конференција го сочинуваат вкупно 45 универзитетски професори од 17 земји. Концептот на конференцијата е од мултидисциплинарен пристап и во објавениот повик се наведени вкупно 41 тема од различни научни области, на пример од областа на психологијата, социологијата, специјалната педагогија, безбедноста, историјата, археологијата, социјалната работа и политика, уметност, физичко и здравствено образование итн.

Објавениот повик за учество на конференцијата е завршен на 10 март и од анализата на пристигнатата документација чест ни е да Ве информираме дека се пријавени 225 автори од 21 земја, кои имаат пријавено 122 научни труда, а истите во оваа фаза ќе бидат објавени во Книга на апстракти. После завршувањето на Меѓународната конференција ќе биде објавен Зборник на научни трудови со меѓународен уредувачки одбор.

Одржувањето на Меѓународната конференција ќе претставува извонредна можност за промоција на нашата земја, на нашиот Универзитет и на развојните достигнувања во областа на педагогијата пред реномиран аудиториум.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на веб страницата на конференцијата: pedagogy.fzf.ukim.edu.mk

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање