Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
Објавено во: Економија 14 Декември, 2025 19:10
Меѓународниот аеродорм Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и број на нови понудени места, се вели во најновата анализа на специјализираниот веб сајт за авиосообраќај - „exyuaviation.com".
Како што соопшти Министерството за транспорт, за првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316 528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Маѓународниот Аеродром Скопје е аеродромот со Белград со 267 илјади повеќе седишта или 100 илјади помалку од Скопје, а далеку зад скопскиот аеродром е аеродромот во Загреб со само 68 илјади повеќе понудени седишта во првиот квартал во 2026 година.
-Ова е уште еден показател на одличните политики на Владата кои преку Министерството за транспорт се реализираат во насока на силен развој на авиосообраќајот во земјата. За една година се воведоа 21 нова дестинација од скопскиот и охридскиот аеродорм, што говори за посветеноста за развој на цивилниот авиосообраќај, кој пак директно влијае врз туризмот и економијата во целина. Да потенцираме дека пред само два дена беше одбележан три милионитиот патник на скопскиот аеродорм што само ги потврдува одличните политики на Владата, наведува Министерството.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна вака поставените политики даваат одлични резултати, а очекува следната година бројките уште повеќе да растат.
-Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала. Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3, 5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст, Ако во Март имаме раст од 6 % раст, Април 9 %, Мај 8 %, Јуни 12 %, Јули 7 %, Август 9 %, Септември 8 %, Октомври 12 %, веќе во Ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми. Се надевам дека в’година, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Николоски.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




