Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Објавено во: Економија 14 Декември, 2025 20:21
Мерките на Владата во областа на туризмот даваат резултати и затоа во првите 10 месеци од годинава имаме повеќе од 5 проценти зголемување во вкупна бројка на туристи и близу 9 проценти странски туристи, но и околу 3 милиони преноќувања. Затоа ќе продолжиме со ваквите политики, бидејќи туризмот е многу значаен за помала земја како нашата и за промоција но и за кеш пари за македонската економија, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Тој очекува на крајот на годината да имаме двоцифрен број во проценти раст и во вкупниот број туристи, но и кај странските туристи.
-Имаме некаде од прилика во првите 10 месеци околу три милиони регистрирани преноќувања што е добро и оекувам во следниот период таа бројка да се зголемува. Активно ќе работиме и работиме веќе со активни политики бидејќи туристичкиот сектор е многу важен оти прво е промоција за државата, за би рекол релативно малубројна држава тоа многу значи, и второ тоа значи и кеш пари во македонската економија, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на реконструирана полициска станица во Бутел.
Во однос на порастот на издадени одобренија за градење истакна оти тие во октомври месец имаат, како што рече, бум, односно се издадени некаде околу 22 - 23 проценти повеќе од минатат година.
Тоа, рече премиерот, значи дека има повеќе инвестиции, градба, и тоа, според него е добро за БДП во четвртиот последен квартал од годината. Додаде дека очекува позитивни резултати на крајот од годината.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




