19 Мај, 2024
0.0293

Меѓународни монетарци на сред Собрание прашуваа кога ќе се намалат патните трошоци

Објавено во: Економија 07 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) сред Буџетскиот совет на Собранието на РМ прашувале дали ќе се намалат патните трошоци на избраните и именувани лица. Претседателката на Советот одговорила дека се во процедура измените на Законот за плати и надоместоци, но треба да се донесат и одредени правилници, а ременот да го затегнат не само парламентарците, туки и владините функционери.

„Се работи на тој правнилник, него го носи претседателот на Собранието на РМ, и секако генералниот секретар кој треба да го спроведе во рамки на службите на Собранието. Кога зборуваме за фискалната транспрарентност на патните трошоци, јас не би ја исклучила и Владата на РМ и сите остнатани избрани функционери кои влегуваат во тој закон“, изјави Форсина Ташевска- Ременски, претседател на Буџетскиот совет.

Од Министерството за финансии тврдат дека за подбра транспарентност, направени биле 14 клучни промени. На месечна основа се објавуваат извештаите за извршување на буџетот по одделни корисници, квартално реализациите на општинските буџети и на Владата.

Буџетскиот совет основан пред еден месец има задача во следните три години да го следи трошењето на парите од страна на Собранието. А, по консултациите овој месец во земјава, меѓународните монететарци ќе излезат со препораки и мерки што ќе треба да се преземат.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници