19 Мај, 2024
0.0307

Меѓународното училиште „Нова“ организира хуманитарен семеен базар

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Почитувајќи го мотото „Еднакви можности за сите деца“, меѓународното училиште „Нова“ в сабота, 25 април, од 11 до 15 часот во своите простории ќе го одржи традиционалниот семеен базар. Годинашново, деветто издание на манифестацијата, се организира со цел да се соберат средства што ќе бидат наменети за помош на Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ - Здравствен дом Скопје и за активностите на учениците во самото училиште.

Семејствата на учениците од меѓународното училиште „Нова“, нивните гости, припадници на бизнис-заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во земјава, на базарот ќе подготвуваат јадења, ќе продаваат сувенири од своите матични држави и ќе донираат подароци за лотаријата.

Nova uciliste 1

Овој хуманитарен базар под мотото „Еднакви можности за сите деца“ е организиран од Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште „Нова“, со поддршка од учениците, родителите и професорите во оваа образовна институција.

За време на настанот планирани се повеќе активности како лотарија со голем  број награди донирани од спонзорите на настанот, штандови со храна од 15-ина земји, детско катче со едукативно-забавни содржини, како што е мини зоолошка градина и предавање за животните и настап на учениците на „Нова“ со свои музички и танцови точки. На базарот ќе имаат можност да се претстават и повеќе занаетчии со свои ракотворби и изработки, а посетителите ќе имаат прилика да купат и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени.

Согласно мотото на настанот, дел од средствата ќе се искористат за набавка на дидактички материјали и опрема неопходна за работата на Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ – Здравствен дом Скопје. Се работи за референтна институција за младата популација од цела Македонија која обезбедува услуги и поддршка за дијагностицирањето на состојбата и преземање на активности за подобрување на менталното здравје и благосостојба.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда