20 Декември, 2025
0.0612

Мехмедовиќ: Со повисоки плати ќе ги задржиме лекарите и персоналот во јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ да не блокира!

Објавено во: Македонија 01 Април, 2017 13:50

Добивај вести на Viber

„Со блокадата на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат здравјето на пациентите! На граѓаните им е неопходна новата реформска Влада, којашто ќе ги спаси од штетниот здравствен систем и бизнис интересите воспоставени од Никола Тодоров и Никола Груевски. Новата Влада ќе обезбеди здравство посветено на луѓето!“, порачуваат од СДСМ.

Членот на Комисијата за здравство на СДСМ Д-р Злате Мехмедовиќ вели дека нема да се затвораат одделенија и пациенти да чекаат за операција со месеци, затоа што недостасува медицински персонал. 

„Таков е случајот во болницата „8 септември“. Основните плати на здравствените работници ќе бидат двојно зголемени, а платите на специјалистите во следните три години ќе се покачат на 100.000 денари. Така ќе ги задржиме лекарите и персоналот во јавното здравство, за да обезбедиме соодветна грижа за граѓаните.

Деновиве лично од директорот на болницата „8 септември“ граѓаните слушнаа дека дел од медицинскиот персонал заминал во странство, а дел по приватните клиники. Според објавени информации во медиумите дури 200 лекари годишно заминуваат од Македонија! Скандалозно е да одат милионски суми пари на граѓаните за тендери и несоодветна медицинска опрема што стои во кутии, а граѓаните да нема каде да се лечат!

Освен болницата „8 септември“, половично прима пациенти и хируршката болница „Св.Наум Охридски“ која, како што велат вработени, поради лоши изведби се реконстуира со месеци. Од тие причини, пациентите од Градската хирушка болница се пренасочуваа во „8 септември“. Дел од нив сега ќе останат без потребната здравствена заштита!

Нема ни нов Клинички центар. Од најавата пред 5 години, остварен е само спорен тендер од власта во заминување, со технички овластувања“, посочува Мехмедовиќ.

Тој обвинува дека поради колапсот на здравствениот систем, според Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија е на претпоследно место по здравствени резултати во Европа.

Од СДСМ велат дека ќе има новата реформска Влада ќе направи достапен, современ и ефикасен здравствен систем.

„Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за здравствените осигуреници, за ничие здравје повеќе да не зависи од тоа дали има или нема пари.

„Мој термин“ ќе го замениме со систем што ќе гарантира брза, прецизна и пред се квалитетна здравствена заштита на секое ниво. Ќе ги намалиме административните обврски на лекарите, за да може целосно да се посветат на своите пациенти.

Болниците ќе бидат реконструирани, ќе изградиме нови, а ќе има и нов Клинички центар во Скопје.

За сето ова да се реализира, потребно е претседателот Зоран Заев веднаш да го добие мандатот и да ја формира новата Влада, којашто ќе го осигура здравјето на граѓаните и ќе работи исклучиво во граѓански интерес“, потенцираат од партијата на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти