Добивај вести на Viber
Мекдоналдс Дубаи бара работници од Македонија. Деновиве низ Скопје се појавија огласи во кои скопска агенција посредува при вработување во светскиот синџир за брза храна Мек Доналдс, но само за рестораните во Дубаи.
Дел од анкетираните за Фактор велат дека при интервјуата им се покажани слики од рестораните во кои би работеле, а на огласот е објавено работното место асистент менаџери. Се бараат определени услови кои треба да ги исполнат кандидатите, како познавање англиски јазик, а важна е и возраста.
Се нуди 6 месеци пробен период со почетна плата од 680 долари. Превоз до работа и авионска карта за Дубаи се обезбедени, исто како и престојот во Дубаи и два оброка дневно. По истекот на овој пробен период платата може да порасне до 1000 долари. Ако работникот покаже добри резултати унапредувањето може да биде и побрзо од 6 месеци. Веќе се направени интервјуа со повеќе заинтересирани, но имало уште слободни места.
Со оглед на тоа што Мекдоналдс ги затвори своите ресторани во Македонија, се претпоставува дека земјава е пикирана како место од каде можат да се регрутираат дел од кадрите што работеа во Мекдоналдс.
С.Н.