„Мекдоналдс“ ќе продолжи со работа?! Кој е скопскиот бизнисмен заинтересиран за франшизата?
Објавено во: Мои пари 25 Јули, 2013
Познат скопски бизнисмен е заинтересиран да ја добие франшизата за Мекдоналдс, за Македонија, дознава Лидер. Два месеци откако „Мекдоналдс“ стави клуч на своите продавници и се уште нема сигнали од повторно отварање на синџирите за брза храна, во јавноста се шпекулира дека освен Свето Јаневски и скопски бизнисмен, кој исто така е влезен во угостителскиот бизнис, пројавил интерес за рестораните на „Мекдоналдс“. Рестораните на „Мекдоналдс“ се присутни во 37 земји во Европа. Освен Македонија, Мекдоналдс нема ланец на ресторани и во Албанија, Косово. Во Црна Гора ресторанот е затворен наводно поради лошата локација. Европа е вториот по големина пазар за „Мекдоналдс“, каде што функционираат повеќе од 7.400 ресторани, од кои над 74 отсто се под франшиза. Дневно се опслужуваат 14 милиони корисници и вработени се 415.000 лица. Првиот ресторан во Европа е отворен во Холандија, во 1971 година.