Добивај вести на Viber
Денеска и утре во Охрид се одржува Втор Глобален инвестициски самит кој е во организација „Македонија 2025". Над 350 учесници од повеќе земји во светот ќе дебатираат за можностите за поголема економска соработка.
Глобалниот инвестициски самит и оваа година е посветен на конкурентноста на националната економија, како и стимулирањето на иновациите и промоција на човечкиот капитал кој овозможува лидерство кое ќе може да ја трансформира државата и иновациски развиената економија.
Самиот претставува одлична можност за промоција на инвестициските можности кои ги нуди Македонија и претставување на поволностите кои им стојат на располагање на странските инвеститори. Ќе присуствуваат компании од преку 20 држави, вклучувајќи ги САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Турција, Унгарија. Има реномирани менаџери и специјалисти од 30 светски познати компании како Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree India, Acibadem Turkey
На отворањето на Самитот најавено е обраќање на премиерот Никола Груевски, на амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025" Мајк Зафировски и на претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски.
Меѓу учесниците и говорниците на Самитот се Санеди Ог од Блекстон, Крис Главин - поранешен извршен директор на Моторола, чија фамилија е основач на Моторола, а сега Галвин е соосновач и претседател на Стит Капитал, Хубертус ван дер Ваарт од СЕАФ, Самих Елхаг кој оваа година стана финансиски директор на Нокија решенија и мрежи.
Во Охрид е и Џон Битов, познат бизнисмен Македонец, како и Мајк Зафировски кој го има искуството како генерален менаџер во повеќе светски компании како Моторола и Џонсон Контролс, а основач е и на Заф групацијата. Меѓу присутните е и Филип Ван Хол, основач на светскиот бренд Ван Хол Белгија, Мехмед Али Ајдинлар, претседател на одборот Аџибадем клиники.