Мендух Тачи: ДУИ ги избрка Албанците од Македонија и затоа не сака попис
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2019
Мендух Тачи, лидерот на ДПА, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, изјави дека помалиот владеачки коалиционен партнер ДУИ не сака да се спроведе најавениот попис затоа што се плаши дека Албанците во Македонија ќе испадне дека се помалку од 20 отсто.
Според Тачи, лошите политики на ДУИ ги натерале Албанците да си заминат од земјата. Законот за попис кој треба да го спроведе Заводот за статистика се уште не е изгласан во Собранието, а во моментов не постои меѓупартиски консензус за истиот. Операцијата треба да се спроведе во април.
-Вие сте приметиле дека кај ДУИ постои еден страв за да не се направи пописот. Можеби не го кажуваат тоа јавно, но по кулоари кажуваат дека постои ризик бројот на Албанци да е паднат под 20%. Ова може да биде вистина, но оваа вистина открива и една друга вистина дека од 2001, 19 или 18 години на политичкото и владеачко дејствување на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20%, тогаш анализата вели дека Албанците си заминале од тука, Албанците не виделе тука перспектива, Албанците мигрирале и ова е еден многу цврст аргумент, рече Тачи.