Добивај вести на Viber
Земјоделците, при поставувањето на цевководите и системите за распрскување во близина на трасите на далекуводните мрежи треба посебно да внимаваат, бидејќи секое невнимание може да биде кобно по нивните животи, а претставува и опасност за преносниот електро-енергетски систем. Ваква порака упати денеска портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов, при посетата на светиниколските села, Ерџелија и Мустафино.
Тој додаде дека секоја година АД МЕПСО упатува апели до земјоделците, бидејќи со поставувањето на цевките за наводнување во близина на далекуводите се загрозува и целиот систем, поради што може да дојде до тоа цели градови, болници и производствени капацитети да немаат електрична енергија.
Стојанов, исто така, апелираше земјоделците по завршувањето на жетвата на јачменот и пченицата да не ги палат стрништата во близина на далекуводите.