МЕШТАНИТЕ OД ГРЧКО СЕЛО ГЛАСАА ЗА ПРЕСЕЛУВАЊЕ: Не сакаат да страдаат од поплави
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2023
Грчко село изгласало преселување по смртоносните поплави. Станува збор за неофицијално гласање во облик на статутарна декларација, потврдил началникот на Метаморфоси Петрос Контогианис. Владата рекла дека ќе го разгледа преселувањето на Метаморфоси.
Предлогот да се кренат нови куќи во селото Паламас во близина, оддалечено на некои 8 километри, го одобриле 142 жители, а 14 биле против. Жителите на малото грчко село Метаморфоси гласале за преселување на целата своја заедница откако селото бeше поплавено во септември, настојувајќи да се заштитат од идни катастрофи.
Метаморфоси било поплавено во 1953-та и 1994-та година и речиси исчезнало под водата кога бурата Даниел, која донела пустош низ целиот Медитеран, го погодила подрачјето на Тесалија на почетокот на септември. Шеснаесет луѓе тогаш загинале, вклучувајќи и двајца кои се удавиле во Метаморфоси. Во Грција оваа година имаше поплави, но и пожари.