16 Мај, 2024
0.1225

Места на Халкидики што вреди да се посетат

Објавено во: Стил 19 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Иако во Грција има преку 2 илјади острови, полуостровот Халкидики е едно од најпосетуваните места од туристи во земјата што годишни пречекува преку 16 милиони посетители. Тоа воопшто не е случајно. Халкидики нуди не само одмор и забава, туку и многу локалитети значајни за светската култура, кои вреди да се посетат.

Касандра

Пештерата Петралона

Оваа пештера се наоѓа недалеку од селото со истото име. Се работи за пештера со сталактити и место каде што е пронајден еден од најстарите скелети. Во близина има и археолошки музеј со голем број значајни артефакти.

Неа Фокеа

Ова е едно живописно приморско село во кое се верува дека престојувал апостол Павле. Таму можете да ги видите кулата на св. Павле, светиот бунар, како и манастирот подигнат во негова чест.

Неа Потидеа и Калитеа

Доколку се најдете блиску до Неа Потидеа, не пропуштајте да го посетите замокот во кој грчките бунтовници се криеле во времето на борбата против Отоманскиот поробувач. Во Калитеа пак, можете да го посетите археолошкиот локалитет каде што некогаш стоеле храмовите посветени на Зевс и Дионис.

Ситонија

Неос Мармарас

Во Неос Мармарас можете да ја посетите византиската наслеба Партенон, којашто денес е целосно напуштена, но и да го разгледате манастирот Трипотамус, кој е отворен за посетители.

Никити

Никити е место што задолжително мора да го посетат луѓето својата духовност ја ставаат на високо место. Не смеете да ја пропуштите шансата да ги видите: Капелата на св. Павле, црквата св. Ѓорѓија која е подигната уште во 5 век, како и старите манастири.

Истражувајте!

Искористете ги овие неколку точки како почеток за истражувањето на Халкидики. На полуостровот има премногу интересни места, прекрасни населби, археолошки локалитети, цркви и манастири, плажи од кои ќе Ви застане здивот, пејзажи што ќе ги видите само таму и на ниту едно друго место... Купете си билети за автобус или пак изнајмете автомобил и уживајте во прошетките.