26 Јуни, 2024
0.0307

Мицевски: Не сум учениче да ми го презентираат договорот со Бехтел и Енка, сакам сам да го видам

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, вели дека за него е неприфатливо да му се презентираат делови од договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите во вредност од 1,3 милијарди евра, туку дека сака лично да го разгледа сам. Посочува дека овој момент никој не знае каде ќе минува трасата на коридорот, ниту пак знае дали имаме одобрение за градба, како ни експопријација на земјиште.

Предлог – измените на петте закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10 д, на кои Владата во петокот им стави европско знаменце, утре ќе се најдат на собраниска седница. За власта употребата на европското знаменце на овие закони е оправдано, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека се работи за злоупотреба. Од Делегацијата на Европската Унија во државава веќе се изјаснија дека употребата на европското знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата и најавија дека ќе бараат дополнително објаснување.

„Што има во договорот-никој не знае.Слушаме разни извинувања и дека сакаат да го дадат договорот. На 31 март 2021 година е потишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Бектел. Две години имаа да се презентира етапно што се планира да се работи.Никој не вика дека ова не е национален интерес и национален проект кој што е во интерес на сите граѓани.Тоа не е спорно.Меѓутоа врз основа на што треба да ме убеди мене да дадам поддршка на вака не транспарентен и криминален начин кога не можам да дојдам и да го видам договорот кој има сертификат државна тајна што останува за граѓаните. Спомнуваат сума од милијарда и триста милиони евра. Како дојдоа до таа сума? Никој не знае. Дали ја знаеме трасате-не, што ќе најдеме на теренот. Дали е можно сумата да поскапи. оод информациите кои ги имаме сумата од милијарда и 300 милиони евра а почетна и на крајот ќе чини двојно повеќе-вели Мицевски во интервуто за „Република“.

Мицевски прашува од каде пратениците што првично ги предложија измените знаеја каков ќе биде договорот за влезат во измени на законите кои ќе бидат усогласени со договорот. Тоа начи дека или претходно имале увид во договорот или пак некој им ги дал да го потпишат. Координаторот уверува дека нема да се согласат договорот да им биде само презентиран а не даден на увид.

„Се работи за договор кој е помеѓу 500 и 700 страници. Некој да ми дојде со таков договор и за саат-два да ми го прераскаже не е во ред. Тој договор треба да го видам, не е спорно на која комисија туку е битна суштината на договорот и забелешките кои стигнуваат до нас да ги најдам, подвлечам и покажам на Груби, Рустеми и на Бочварски. Ако некој планира да ме седне како учениче наспроти нив и да ми го презентира и прераскаже договорот не е прифатливо.Народот со право има сомнеж на овој договор и со право можеме да го нарекуваме коруптивен“, додаде тој.

На Мицевски не му значи ништо ниту извинувањето на првиот вицепремиер Артан Груби што може само да презентира одредени делови од договорот со изведувачот.

„Се извинува што не можел да го презентира целиот договор на јавноста и медиумите. Нас како држава и како пратеници не ни треба извинување од Груби туку оставки веднаш., одговорност за инволвираните и потоа ни треба транспарентност на целиот процес и отчетност за сето она што ќе се случува. Да не се лажеме, договорот е потпишан и овој проект ќе се работи.Имаме работа со сериозен приватен конзорциум кој има градено во регионот и нивните проекти се видливи.Тие гледаат да го извлечат најдоброто од гоговорот за нив.Каде е тука Владата да го заштити буџетот и даночните обврзници?“, наведе пратеникот.

Пратеничкиот координатор смета дека европското знамеце што власта го стави на контроверзните закони е злоупотреба.

„Европската делегација се изјасни негативно, дека е неоправдано и оти нема врска со реформската агенда на ЕУ. Она што сакаше Владата да го наметне како европска реформа тоа не е и европската унија се огради од тоа. Тие ги кажаа своите забелешки“, вели Мицевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели