27 Април, 2024
0.0297

Мицкоски бара во понеделник да се распишат избори

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара уште во понеделник Собранието да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. 

Мицковски му порача на премиерот да не се крие зад партиското раководство затоа што има доволно време викендов да донесат одлука во СДСМ.

Тој вели дека со промената на името, Владата докажала  дека не знае  и не умее да владее и дека по капитулација на името ќе ја капитулираат и економијата.

Мицкоски  потенцира дека веќе никој не му верува на премиерот, Зоран Заев  и повтори дека целта на оваа Влада беше само едно прашање кое го решиле катастрофално прему промена на името идентитетот и јазикот. 

„И тогаш да видиме дали Зоран Заев и групата околу него ја ужива довербата како што денеска кажа на прес-конференција или онаа вистинската анкета ќе му ја испорачаат граѓаните на тие предвремени парламентарни избори. Не бараме избори затоа што сакаме безусловно ВМРО-ДПМНЕ да биде власт, туку бараме избори за Македонија да престане да губи и Зоран Заев и групата околу него конечно да ја напуштат политичката сцена во Република Македонија“, додаде Мицкоски. 

Тој изјави дека неговата партија не се плаши од избори, и дека има доволно време да се подготват за избори. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“