Мицкоски: Данела не може брзо да ги менува директорите, тие имаат менаџерски договори
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021
Хрисдтијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во своето последно интервју вели дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не може експресно да ги промени директорите на градските јавни претпријатија бидејќи, како што вели, тие имале менаџерски договори.
- Отпочната е таа фаза. Освен тоа што директорите на јавните градски претпријатија се врзани со менаџерски договори кои имаат свој рок на треење, првенствено е важно да бидат одбрани вистинските луѓе. Како што сум информиран Дрисла доби нов директор. Јане е врвен професионалец, млад кадар кој верувам дека ќе работи чесно и одговорно. Исто е така и со новиот директор на Лајка, кој како што сум информиран, има импозантнта биографија. Одлуките ги носи градоначалничката Данела Арсовска и уверен сум дека ќе направи правилен избор од кој корист ќе имаат скопјани, вели претседателот на најголемата опозициска партија, која во недела ќе го одржи својот редовен конгрес.
Тој претходно додава дека Арсовска ќе ги исполни своите ветувања дадени кон граѓаните во првите 100 дена од превземањето на функцијата.
- Од она што сум информиран од Арсовска е дека паралелно се работи на неколку крупни проекти за градот Скопје. Во тек е таму кадровско доекипирање, Арсовска има свои планови и визии за градот. Се работи на решенија кои ќе ги опфатат повеќе децениски проблеми како што е сообраќајниот хаос, депонииите и нечистотијата во Скопје, паркирањето и слично. Она што го има ветено за првите сто дена гледам дека работи и верувам дека ќе има сили да го реализираа ветеното. Градот Скопје мора да се развива да нуди решенија и да и да биде отворен град со чувство за потребите на скопјани. Верувам дека многу брзо ќе се отпочне со реализација на капиталните инфраструктурни проекти, гласи еден од одговорите на Мицкоски.